Од ЕВН информираат дека утре заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Аеродром,Кисела Вода, Чаир и Центар.

Од 8.30 до 11.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. Црноризец Храбар, дел од ул. 1616 (реонски центар) – Лисиче, како и корисниците од Ул. 1513, во Пинтија, општина Аеродром и Кисела Вода.

Од 8.30 до 15.30 часот, корисниците од дел од ул. Џон Кенеди, ул. Максут Садик, ул. Пере Тошев, општина Чаир.

Од 13 до 15 часот, корисниците од ул. Питу Гули делот кај Американска Резиденција, а од 8.30 до 15 часот, корисниците од ул. Славе Деловски и соседните улички, во општина Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.