Управата за извршување на санкциите испрати писмено соопштение, кое го пренесуваме во целост.

Почитувани,

Управата за извршување на санкциите сака да ја запознае пошироката јавност во Република Северна Македонија во врска со изјавата дадена од адвокатот Насер Рауфи на   порталот ,,Журнал.мк, а потоа истата прифатена и од порталот ,,Курир”.

Имено ја демантираме информацијата за појава на заболени осудени  и притворени лица од новиот корона вирус – COVID 19 кои се наоѓаат на издржување казна затвор и мерка притвор во казнено-поправните установи во нашата држава. Управата за извршување на санкциите веднаш по препораките на Владата од 10.03.2020 година донесе Наредба со која од 11.03.2020 се забранети контакти на осудените и притворените лица со надворешниот свет, а исто така превземени се сите мерки за одржување на високо ниво на хигиена, дезинфекција и сите достапни мерки за заштита.

Новодојдените лица се сместуваат изолирано се до моментот кога ќе се утврди дека во периодот на инкубација, не пројавиле симптоми на болеста.

Сите вработени во казнено-поправните установи исто така ги почитуваат препорачаните мерки за заштита при меѓусебните контакти и контактите со осудените и притворените лица. Доколку во било која казнено-поправна установа се појави случај со потврдена дијагноза од овој вирус, медиумите ќе бидат известени за истото и за превземените мерки кои секако ќе бидат во согласност со препораките.

Благодариме за отстапениот простор во Вашиот медиум.

Со почит, Управа за извршување на санкциите

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.