Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 34 до 41 степен. УВ индексот е 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност. Минималната температура ќе биде 22, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. На места вдолж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен. Во понеделник ќе дува засилен ветер од западен, а попладне од северен правец кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите во северните делови, а во јужните ќе се задржат високите температурите, велат од УХМР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.