Времето утре ќе биде сончево, во текот на денот релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти меѓу -1 и 6, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло со температури од 4 до 26 степени.

До вторник ќе се задржи сончево време.

Промена на временската состојба ќе има од среда кога дневната температура позначително ќе опадне, а облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.