Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност со услови за краткотраен дожд на северозападот. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено изразен во западните делови.

Во петок времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено во западните делови.

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Инаку за денеска попладне УХМР предупредува дека претежно во северните и североисточните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во вид на краткотрајно невреме со појава на град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.