На повеќе места особено во западните делови денеска и утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во делови од скопската котлина денеска и утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР и препорачуваат во случај на појава на електрични празнења да се внимава и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. рп/цр

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.