Е порано славите поинаку се славеа. Ќе ти дојт пола град на слава ама не седеа многу луѓето. Ќе дојдат, ќе поседат и ќе си одат. Столој само неколку ќе ти стасат за да пречекаш појќе луѓе. Тогаш со колачиња, со ракија, вино и ликер.
Се купујше ликер и се прајло ликер од вишни. И се служеше во малечки чафчиња, да не мојт никој да сопијанит, а не ко сега од полкило. Добро. Тој начин понапред ко што се славеле слави поарен е, појќе со душа, се идеше за чес на славата, а не за јадење. Какви се прат приеми, какви дочеци, ужаси. Немат селани, граѓани, све е исто. Што се служит, што се спремат, триста чуда. Маргаринон го имат ко посен и од него прат триста чуда. Ние не смејфме да помирисаме маргарин. Порано евентуално рипчиња, ако е посно, ситни салати и друго ништо. И со смокви прајфме. Многу е голема разлика. Ајде со оцкај чаши, ко прстоф и никој не земаше по две чаши, ќе му е страм. Сега е ужас. И ако не может дома ф куќа ако е тесен станот, ф кафана! Дома гајле немат.
Од книгата „Кичевскиот говор“ од Веселинка Лаброска, Скопје 2008
Кај нас Мијаците не барајте си славска свеќа, ни коливо, ни колач, ни сегашниов начин на послужување и честитање. За сето тоа по селата не знаеле. Но и кај нашите домаќинки покрај другите лебови се подготвува еден од истото или од поквалитетно тесто кој се нашарува со проскурска шара и со чаша и утредента се изнесува на трпезата. Покрај тоа, домаќинката подготвува во една чинија варена или неварена пченица и чинија вино со три чаши од утрото, каде што пред иконата гори кандилото, а кога ќе дојде попот пред кандилото, ќе се запали и свеќа, а попот ќе испее тропар (молитва) ќе го земе лебот и ќе го исече на четири делови така што лебот да добие облик на крст, а наедно ќе го полее со вино, потоа со пченица и со тоа е завршено.
Кај нас спроти празникот во црквата носат нафора и по три леба од кои еден му се дава на попот, а двата на парчиња им се делат на сиромасите пред црквата. Посетителите честитаат со зборовите: Да ви е среќен празникот Аранѓел и за многу години на празникот слава – сведен. Спроти празникот се канат гости на вечера и на самиот ден утредента и на патерица. Гостите се поскромни или побогати во зависност од имотната состојба на куќата и расположението на домаќинот во односната година. Се подготвуваат богати софри, но не се оди во крајност како во некои краишта. Бидејќи деновите на славата во поголем број се паѓаат по одењето на мажите на печалба, гозбите обично се сметаат за женски гозби. На тие гозби ги водат и младите невести.
Покрај кршењето на еден главен леб со гостите, секоја куќа леб крши уште на некој празник, но без гости. На овие денови во куќата владее свечено расположение, поубаво се облекуваат и се подготвува побогат ручек, а се прават и посети само на ракија и вино. Тие гости се викаат ракијари. Обично од црква одат во посета на поблиски роднини и пријатели.
Овие споредни второстепени сведни доаѓаат како денови врзани да се избегне смрт или некоја друга несреќа, или како денови на некој среќен случај или се некој спомен на постара слава на фамилијата, пред да се делат браќата и некој од нив одбрал нов сведен (празник).
Но и ден-денеска во Галичник има по 20, 30 фамилии со исто фамилијарно презиме кои го слават истиот светец. Така на пр. сите Чапаровци го слават Аранѓел, а сите Бундовци – Пречиста.
Во мојата фамилија Друздовци ова е напуштено, така што наша прастара слава била Св. Илија, а потоа дошло до тоа мојот татко Огнен да ја слави Параскева, стрико ми Гаврил ги слави Кузман и Дамјан, а другиот стрико Јосиф го слави Св. Аранѓел. Но не се застанало само на ова, така што мојот постар брат, откако се одвоил од заедницата ја зеде за своја слава Св. Шпиридон.
Од книгата: „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ – Лоноски, Скопје 2004.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.