Топлото време ќе се задржи уште утре, а од петок метеоролозите најавуваат промена на времето и заладување.

Утре ќе се задржи сончево и ралативно топло време. Од петок ќе има зголемување на облачноста, а во сабота промена на времето. Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на повисоките планини од снег. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, информираат од УХМР.

Дневните температури, според УХМР, за време на викендот ќе бидат во опаѓање, а од понеделник ќе има постепен пораст.

Утре дневната температура ќе се движи од 10 до 20 степени, во петок од 12 до 19, во сабота од 9 до 16, недела шест до 12 степени понеделник од седум до 13 и вторник од осум до 15 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.