Сончево и многу топло време не чека утре со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде помеѓу 14 и 24, а максималната ќе достигне од 31 до 40 степени. УВ=9

Во Скопје,сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Т-ра: 20/37 степени.

Во сабота ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе има и услови за изолирана појава на невреме, особено во северните и источните делови. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови од недела да има благ пад на температурите.

Ова е временската за цел месец според Accuweather:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.