По свежото утро, кога беше забележана температура од само 4 Целзиусови степени, скопјани денес ќе можат да уживаат во сончево и пријатно време. Температурата во главниот град на Македонија ќе се искачи до 24 степени, ќе биде претежно сончево и ќе дува ветер од југоисточен правец.

И во текот на наредните денови метеоролозите најавуваат стабилно време и пораст на температурите.

Сончево време денес ќе има на целата територијата на Македонија, а максималните температури ќе се движат од 19 до 25степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.