Под влијание на студен и влажен бран денеска попладне, во текот на ноќта, како и во четврток ќе има врнежи од снег, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови од земјава. Температурата ќе се движи од -8 до 9 степени.

Во Скопје слично време со температура од -5 до 6 степени.

Снежните врнежи ќе продолжат и утре. Ќе се формира снежна покривка од околу 10 сантиметри во западниот и јужниот дел од Македонија, а на планините ќе надмине над 20 сантиметри.

Наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег.

Најсончево ќе биде во сабота. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.