Студениот бран кој ја зафати Македонија го донесе и првиот снег за оваа сезона.

Во текот на изминатата ноќ паѓаше на Попова Шапка каде температурата се спушти до околу 0 степени, а се создаде и тенка снежна покривка.

Студено време ќе се задржи уште денес, додека од утре, па за време на викендот ќе имаме брз и голем пораст на температурите, кои ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен.

Сепак, до сабота наутро ќе биде студено со минимални температури кои некаде ќе се спуштат дури до -1 степен, со што е можна појава на првиот мраз за оваа сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.