Според последните анализи кој ги подготвивме со помош на најпрецизните нумерички модели, големо заладување и нешто повеќе врнежи не се очекува ниту во ноември месец. Така е барем според сегашните анализи, а промени во прогнозата секако дека се можни, вели за НоваТВ метеорологот Славчо Попоски.

Месец ноември ќе помине во знакот на натпросечно и сушно време. Не се очекуваат некои многу интензивни врнежи кои би довеле до крај на сушата која е настаната во Македонија. Температурите ќе бидат натпросечно високи, што значи дека ќе бидеме под влијание на јужно и релативно топло воздушно струење“, посочува тој.

Секако и покрај ова очекуваме повремени разладувања на времето, но и тоа не би било нешто посебно и значително. Не барем според моменталните анализи. Ако вака останат работите на нумеричките модели, пролетните температури продолжуваат и во месец ноември а за зима ќе почекаме во декември, дополнува Попоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.