Најголем број сообраќајни незгоди предизвикани од заморот се случуваат токму во летниот период во часовите предвидени за спиење. Заморот во летниот период е примарна причина за околу 20 отсто од смртните случаи на патиштата во светот. Слична е состојбата и на патиштата кај нас, информираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Сообраќајните незгоди што се последица на заморот, како што се посочува, најчесто завршуваат фатално поради недостиг на можност за реакција од страна на возачот, односно поради недостиг на можност за избегнување или амортизирање на последиците од незгодата.

Од РСБСП препорачуваат возачите да бидат одморени кога ќе управуваат со моторно возило, да не тргнуваат на долг пат после работа или после цел ден поминат на плажа, да прават 15 минути пауза на секој два часа ефективно возење, да консумираат повеќе вода додека возат и да избегнуваат пијалаци со многу шеќер и да бидат внимателни со употребата на лековите и другите психотропни супстанции (задолжително да го прочитат упатството и да се консултираат со лекар доколку имаат потреба).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.