Времето денеска ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер кој краткотрајно ќе засилува на североистокот, Штипско и во долниот тек на Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Од утре следува период со повремено зголемена облачност. Услови за слаб дожд ќе има во недела претежно на југоистокот, а потоа и во вторник кога ќе биде посвежо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.