Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а повремено со значителна облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Утринската температура се движи од минус 5 до 2, а дневната ќе биде во интервал од 8 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје, умерено до значително облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура се спушти до минус 1, а дневната ќе достигне до 10 степени Целзиусови.

Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.