Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и умерен, а долж Повардарието засилен, ветер од северен правец.

Дневната темпертаура ќе се движи од 27 до 36 степени. УВ индексот ќе достигне 8.

Во Скопје и околината, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.

Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на неделава ќе преовладува сончево и многу топло време.

Особено топло ќе биде од среда кога долж Повардарието максималната температура ќе биде околу 40 степени. Од петок во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.