Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура се движи од 2 до 11, а дневната ќе биде во интервал од 17 до 24 степени Целзиусови.

Во Скопје во утринските часови има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер.

Утринската температура се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 19 степени Целзиусови.

Во петок и в сабота ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено по должина на Повардарието, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Потоа во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.