Претпладне во југозападните делови ќе има повремен дожд. Во другите делови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната од 10 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Од пладне следува период на претежно сончево и сè потопло време. Најтопло ќе биде за време на викендот иако в сабота ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Од почетокот на следната недела ќе има услови за појава на краткотраен попладневен пороен дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.