Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а дневната од 24 до 29 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната до 28 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.