Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 24 степени Целзиусови.

Во сабота ќе има зголемена облачност, а кон крајот на денот и локални врнежи од дожд.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса во недела и понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, особено во јужните и источните делови, а дневната температура ќе се намали за повеќе од 10 степени Целзиусови.

Од вторник ќе настапи стабилизација со пониски утрински температури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.