Претпладне по одделни котлини има појава на магла и ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалуваат. Во останатите подрачја времето ќе биде сончево.

Минималната температура е во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен Целзисуов.

Во Скопје претпладне со појава на ниска облачност и услови за утринска магла, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со слаб ветер што ќе услови по котлините да има појава на магла и ниска облачност, особено во ноќните и претпладневните часови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.