Утринава во целата држава е студено, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.

Утринската температура е во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Утринската температура се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 17 степени Целзиусови.

Во следниве денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневните температури. Утринските температури уште утре на повеќе места ќе биде негативна и под просекот за овој период од годината, а потоа и тие ќе се покачуваат.

Од вторник ќе има повеќе облачност, понестабилно време со појава на повремен врнежи од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.