Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. По котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо и постудено. Минималната температура ќе биде во интервал од минус три до три степени, а максималната од седум до 17 степени.

Утре ќе биде сончево со мала облачност.  По котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо и постудено. Минимална температура ќе биде во интервал од минус три до четири степени, а максимална температура од седум до 16 степени.

В четврток ќе биде претежно облачно, по котлините магливо. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Минимална температура ќе биде во интервал од минус еден до  пет степени, а максимална температура од осум до до 14 степени.

До четврток ќе се задржи стабилно време, по котлините во поголем дел од денот облачно, магливо и постудено. Во текот на ноќта кон петок ќе има локални врнежи од дожд, а во петок се очекува умерен јужен ветер и расчистување на маглата. Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има за време на викендот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.