Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура се движи од 11 до 19 степени, а дневната ќе биде од 25 до 36 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура достигна до 16 степени, а дневната ќе се искачи до 33 степени Целзиусови.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, во наредните денови времето ќе биде стабилно и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Во вторник насекаде ќе бидат над 30, а во следните денови во повеќе места над 35, додека во најтоплите делови од земјата ќе достигнат околу 40 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.