Сончево време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска во земјава,  ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.За денеска, според метеоролозите, утринската температура ќе се движи од 6 до 16 степени, а дневната од 24 до 29 степени.

Слично време ќе преовладува и во Скопје каде утринската температура ќе се спушти до 13-тиот степен, а дневната ќе се искачи до 28-тиот степен.

Се најавува период на претежно стабилно време но со ниски утрински температури. Во вторник и во среда во западните делови можна е појава на нестабилна облачност со повремен дожд и ретки грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.