До четврток ќе преовладува сончево и релативно топло време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните од утре ќе бидат во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд, а на планините од снег.

Во следните три дена минималните температури ќе бидат во интервал од минус пет до шест степени. Максималните температури, пак, ќе бидат во интервал од девет до 20 степени. Ќе дува и слаб до умерен ветер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.