Времето во Република Македонија ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 19 до 26 степени.

Во Скопје сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 23 степени. Во среда облачноста ќе се зголемува.

Промена на временската состојба со значително опаѓање на дневната температура ќе има во четврток и во наредните денови, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.