Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови има услови за магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура е во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со услови за слаба утринска магла. Минималната температура се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 20 степени Целзиусови.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Во среда, претежно во јужните делови ќе има повремени врнежи од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.