Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе биде 9.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје сончево и топло со максимална температура до 35 степени.

Продолжува периодот на многу топло време. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Поради високите температури што деновиве ја зафатија државата, Министерството за здравство објави препораки за заштита. На граѓаните им се советува да престојуваат повеќе во затворени простории, да се носи светла и лесна облека, да се внесуваат големи количества течности и при влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.