Времето денеска преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Локално во утринските часови ќе врне слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната од 3 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно и студено. Во сабота ќе има повремени врнежи, претежно од снег, со слаб до умерен интензитет.

Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер. Студено време ќе се задржи и во текот на следната седмица, со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула, најавуваат синоптичарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.