На патниот правец од раскрсница Маврово кон Дебар и обратно воведена е забрана за ТТВ поради врнежи од снег. Од 15:50 часот на патниот правец Гостивар-Стража, поради врнежи од снег, воведена е забрана за ТМВ.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.Снег со слаб интензитет паѓа во Ресен и на планинскиот премин Стража.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.