Следува период на стабилно и потопло време со повеќе сончеви периоди. Пораст на дневните температури ќе се задржи до крајот на оваа недела, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2 степени, а максималната ќе се движи од 5 до 13 степени.

Во среда максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени, во четврток од 9 до 15 степени, во петок 11 до 18 степени, во сабота од 10 до 17 степени, а во недела од 11 до 18 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.