Времето наутро студено, во текот на денот претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со значително повисоки дневни температури. До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени. Од вторник ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.