Во следните часови најголем дел од државава ќе навлезе во жолта предупредувачка фаза, прогнозира Славчо Попоски, додавајќи дека не се исклучува можноста и за локални поплавувања.

Под влијание на поизразено влажна и нестабилна воздушна маса уште во следните часови како и во текот на оваа ноќ, а особено утре, на многу места ќе има нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер, електрични празнења и појава на град, прогнозира Попоски.

Максималните дневни температури на воздухот за време на овој викенд ќе се искачуваат во интервалот претежно од 24 до 32 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.