Уште утре во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град, прогнозира Славчо Попоски.

Според неговите прогнози, веќе од четврток кончено ќе бидеме под влијание на значително постабилна воздушна маса и ќе можеме да уживаме во прекрасното време. Времето ќе биде сончево повремено со мала до умерена локална облачност.

Поради умерен, повремено засилен ветер од северен правец ќе забележиме незначителен пад на утринските температури. Позначителен пораст и пеколни температури се очекуваат на самиот почеток од месец јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.