Земјотрес чиј епицентар се наоѓа 105 километри југоисточно од Скопје и потекнува од пехчевското епицентрално подрачје регистрирала денеска во 16 часот и 44 минути телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.2, а беше почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.