Не сакаме да предизвикаме паника, туку бараме реално решение за туристичките агенции, бидејќи овој сектор е веќе во колапс, велат од Стопанската комора за турзам на Македонија. Според нив сите патници кои уплатиле патување и не е реализирано поради моменталната пандемија од вирусот COVID-19, да добијат ваучер кој ќе е во времетрање од една година а од Владата да го субвенционираат авионскиот превоз доколку бил вклучен во аранжманот.

„Како Комора сметаме дека најдоброто решение за сите нас, Туристичките агенции да издададат ваучер на сите корисници на услуги со кои имаме Договор и да го искористат во текот на 12 месеци. Она што нам ќе ни биде од особено значење Владата во кризните мерки да го вклучи и субвенционираните авионски билети во кои биле предвидени во аранжманите“ потенцираат од СКТМ.

Поддршка за ваквото решение тие го очекуваат од Владата поточно од Министерство за економија и Министерство за финансии со кои усно е разговарано, но исто така е потребно разбирање од корисниците.

Доколку не наидеме на разбирање од сите страни дефинитивно сме приморани да ставиме клуч на врата. Препорачуваме до завршување на периодот на вонредната состојба и одлуките на Владата во услови на криза, корисниците на услуги да се воздржат од откажување на Договорите за патување и услуги кои треба да се реализираат во наредниот период, како и барања за исплата на побарувањата по основ на откажување. Веруваме во разбирањето на клиентите и мерките кои во интерес на сите нас да ги донесе Владата“ додаваат од СКТМ.

Во Стопанската Комора за Туризам на Македонија –СКТМ, членуваат правни субјекти од секторите туристички агенции и туроператори, хотелско-угосителски објекти, патничкиот превоз, туристички водичи и придружници, како и сектор на образовни институции и асоцијации од туризмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.