Луѓето кои дома чуваат миленици имаат реален проблем за кој сеуште нема решение и нема каде да се обратат. Станува збор за шетање на милениците за време на полицискот час

На ниво на Македонија има скоро 80.000 регистрирани миленици до денеска!

-за оние кои немаат дворови
-за оние кои ги чуваат во стан
-за оние кои немаат тераси
– за сопружници над 67 години на кои нема кој друг да им го прошета миленикот
– 10-20 минути
– пред зграда, на 200 метри раздалеченост
-со маска и ракавици на себе при излегувањето од дома

Збориме за ФИЗИОЛОШКА ПОТРЕБА, а не за шеткарање!

Нема начин возрасно куче да го натераш да врши нужда дома ако цел живот знае тоа да го прави надвор!
Само ќе задржува во себе и тоа е болно и нехумано!

Не можеш сам надвор додека шеташ, без контакт со други луѓе, со маска и ракавици со кучето, да се заразиш, поверојатно е ТИ да ја заразиш постарата комшика на која ќе и го носиш кучето на шетање при примопредавање затоа што она не смее.

Збориме за 13 часа држење на токсини, мокрача и измет во себе на милениците преку викенд, а тоа правило важи за сите.

Збориме за 18 часа држење на токсини, мокрача и измет во себе на милениците, за оние лица кои поседуваат миленик и се над 67 год.

Друга работа, има миленици кои примаат терапија на ветеринар и сопствениците мора да ги носат истите таму ако е потребно да примаат терапија и навечер.

Ова веќе е дозволено во скоро сите земји кои се соочуваат со корона!
Италија, Шпанија, Грција, Словенија, Кина и останатите веќе го имаат регулирано ова!

Мора да има отстапки.
Напоменувам, збориме за извршување на физиолошка ПОТРЕБА и ВЕТЕРИНАРНА АСИСТЕНЦИЈА !
Не зборуваме за шлаење навака натака!

Јована Трајковска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.