Корисничко енергетскиот центар на ЕВН од Гевгелија денеска соопшти дека утре и задутре поради неопходни работи за осовременување на електродистрибутивната мрежа во период од по шест часа ќе става вон функција преку 50 трафостаници од кои со струја се напојуваат општина Гевгелија и дел од општина Богданци.

Шестчасовниот прекин ќе се одвива по реони од 6 до 12 и од 12 до 18 часот и ќе ги опфати градот и сите населени места во општина Гевгелија и дел од општина Богданци.

Од КЕЦ Гевгелија апелираат до граѓаните и правните субјекти, професионално или приватно, деновите од претстојниот викенд да си ги организираат според најавениот прекин на електрична енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.