Вечерва во Македонија времето е врнежливо и студено.

На различни места низ земјава врне дожд и снег, а врнежите според УХМР ќе се прошират насекаде низ земјава и ќе бидат пообилни во западните и северните делови каде на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Во моментов додека во врнежливото Скопје имаме дожд, снег има на Стража, Попова Шапка и Маврово.

Времето утре ќе биде променливо облачно и постудено со повремен локален снег, особено на запад и претежно претпладне. Ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.