Откако денеска се стресе западна Македонија од земјотрес со епицентар во соседна Албанија, уште еден земјотрес е регистиран во земјава.

Земјотрес со јачина од 2.4 степени е регистриран на 2 км од тетовското село Градец, односно на 4 км од Боговиње.

Претходно, земјотресот од Албанија е почувствуван во Охрид, Струга, Битола, Ресен.

Во соседна Албанија има штети од силниот земјотрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.