Од УХМР препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и на претпазливост на сите оние места каде во текот на ноќта и утрешниот ден се највуваат поројни врнежи од дожд.

Во текот на вечерните часови, како и во текот на претстојната ноќ, се најавуваат врнежи од дожд, на места поројни и пообилни и повремено придружувани со засилен ветер (на места над 70 km/h), соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Од УХМР информираат дека кај поголемите водотеци (иако ќе има зголемување на водостојот) не се очекуваат појави на излевање на водата од речните корита, додека кај помалите реки и суводолиците доколку во нивните сливови процесите бидат поинтензивни и со поголеми количини на дожд, можно е брзо зголемување на водостојот, а на места при силни интензивни врнежи можни се и мали локални излевања.

– Доколку во градските урбани средини нестабилноста биде изразена во форма на невреме, со дожд, ветер и град, поради неможноста за впивање на водата и можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја, можна е појава на акумулурање и слевање на водата по градските улици и подвозниците. При појава на силен ветер можна е појава на бранови на природните езера во земјава, се наведува во соопштението.

Од УХМР препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и на претпазливост на сите оние места каде во текот на ноќта и утрешниот ден се највуваат поројни врнежи од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.