Огромно количество на прашина и песок низ воздухот, нечист дожд и многу мачнини кај граѓаните. Тоа годонесе силното југозападно и јужно воздушно струење кое ја зафати нашата територија но и најголем дел од европскиот континент. Огромниот транспорт на прашина и на песок ќе се задржи и следните денови но дури со уште поголем интензитет, соопштува метеорологот Славчо Попоски.

Од утре исто така како што најавивме и температурите ќе бележат брз и голем пораст и насекаде ќе се искачуваат над 20 степени додека во најтоплите региони истите ќе се искачат дури и до околу 30 степени и истите ќе бидат над просекот за овој дел од годината. Атмосферата ќе се загрее позначително и токму ова ќе услови во попладневните и во вечерните часови да биде нестабилно, односно ќе се развива конвективна облачност која ќе биде проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер а има услови и за појава на локално невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Во текот на следните денови особено метеопатите уште ќе осеќаат поизразени здравствени проблеми па затоа ги советуваме да земат совет од својот лекар. Исто така атмосферата и понатаму ќе биде многу заматена.

Инаку сахарската прашина понатаму ќе се шири низ Европа и ќе стигне се до северниот дел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.