Облачно време со сончеви период во претпладневните часови најавуваат метеоролозите за денеска на скопското подрачје. Попладне и до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 27 степени.

И на подрачјето на Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења и услови за појава на град. Максималната температура ќе се движи од 21 до 30 Целзиусови степени.

Утре ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика пад на дневната температура. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.