На 13 октомври, недела, во 13 часот ќе се одржи првата парада на миленичиња во Скопје.  „Шепологијата” е замислена како целодневен настан, настан кој ќе започне пред Собранието на Македонија во 13.00 часот со парадирање до Градскиот Парк, каде пак пред Школка ќе се случува музички хепенинг кој ќе трае до 22.30 часот.

„Шепологија“ ја нарековме првата парада за миленичиња преку која сакаме да ја покажеме убавата страна на имањето на милениче покрај себе. Долго време се мислевме како да ја раскажеме безусловната љубов на Шепастите кон човечкиот род, да покажеме дека активизмот не е само огорченост, туку и многу среќни приказни. Оваа прва парада за миленичиња ќе се одржи на 13.октомври во Скопје, изјави Габриела Димеска – активист.

Првата Шепологија е под мотото дојди, танцувај, помогни, донирај, повтори.

Да покажеме дека животните, природата и секако ние луѓето сме дел од еден комплексен екосистем во кој е неопходно да се грижиме еден за друг. Да излеземе од стереотипот на вечно незадоволство и да покажеме дека е модерно да си доблест и хуман, вели Димеска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.