Во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголемвува и од југозапад ќе почнат повремени врнежи од дожд, додека на планините снег.

Ќе дува и слаб до умерен ветер, а температурата ќе се искачи од 9 до 17 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината, ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди, а во текот на вечерните часови ќе има и услови за дожд. Максималната температура ќе се искачи до 13 степени Целзиусови.

За утре и задутре прогнозата е претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните делови. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.