Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири степени, а дневната температура од два до 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до седум степени.

Во петок ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи кои поради затоплувањето ќе бидат претежно од дожд.

Преодно стабилизирање на времето се очекува за време на викендот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.