Времето во земјава ќе биде променливо облачно. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а во јужните подрачја повремен локален дожд, кој во текот на ноќта ќе се прошири и во западните делови.

Утринската температура ќе се движи од еден до 12 степени, а дневната температура од девет до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Утринската температура ќе достигне до седум степени, а дневната температура до 13 степени.

Во понеделник, под влијание на циклонска активност времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 25 л/м2). Потоа во наредните два дена ќе биде стабилно со благ пораст на дневната тампература.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.