Времето во земјава претпладне променливо облачно со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде повремено ќе засилува. УВ индексот ќе изнесува 7. Утринската температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а дневната температура ќе се движи од 24 до 36 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до 19, а дневната температура до 31 степни.

Од среда следува период на многу топло време. Во среда и четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.